Денес заедно со останатите кандидати за градоначалници го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори.
Се согласивме дека само избори кои се во фер и демократска атмосфера придонесуваат кон демократски развој на нашата општина Кривогаштани.
Исто така, се обврзавме дека ќе ги почитуваме сите закони, правила и прописи кои се релевантни за овие Локални избори и ќе им овозможиме на жителите на нашата општина демократски да го изберат кандидатот кој го сметаат за најдобар.
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Кривогаштани, Николче Мискоски.