НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ : ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ УТРОВО СО МОИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПРОТИВНИЦИ ПОТПИШАВ КОДЕКС ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

0
673

Денес заедно со останатите кандидати за градоначалници го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори.

Се согласивме дека само избори кои се во фер и демократска атмосфера придонесуваат кон демократски развој на нашата општина Кривогаштани.

Исто така, се обврзавме дека ќе ги почитуваме сите закони, правила и прописи кои се релевантни за овие Локални избори и ќе им овозможиме на жителите на нашата општина демократски да го изберат кандидатот кој го сметаат за најдобар.

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Кривогаштани,  Николче Мискоски.