НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ : ДЕНЕС ВО ПРОСТОРИИТЕ НА СДСМ КРИВОГАШТАНИ СЕ ОДРЖА РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ И ВИЦЕПРЕМИЕР ФАТМИР БИТИЌИ КОЈ ПОТВРДИДЕКА НАШАТА СДСМ ЈА ИМА НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА НАШАТА ОПШТИНА

0
796
Денес се одржа работен состанок со Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Имавме конструктивна дебата во Општинскиот изборен штаб во Кривогаштани.
Вицепремиерот Битиќи потврди, #СДСМ ја има најдобрата понуда за општина Кривогаштани со кандидатот за градоначалник Николче Мискоски и Советничката листа на СДСМ и очигледно е дека жителите тоа го препознаваат.

Тој истакна дека Владата предводена од СДСМ еднакво се залага за сите општини, за развој и прогресивни политики на локално ниво и таа пракса ќе продолжи во иднина.
Посочи дека парите за петтиот пакет мерки кој содржи поддршка за земјоделците се обезбедени и дека Владата предводена од СДСМ како никоја друга влада претходно обезбедува безрезервна поддршка за земјоделскиот сектор и стопанството како во општина Кривогаштани, така и низ целата наша татковина.

Заедничи, подготвени сме и мотивирани да продолжиме да работиме уште повеќе посветено за да продолжи развојот општина Кривогаштани, како и напредокот на целата држава.
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник, Николче Мискоски.