На отворањето на новата градинка во Центар, бев во непосредна близина на лидерот на СДСМ, не сум го видел Заев посмирен и порелаксиран и посреќен досега, очекував грч и замисленост на неговото лице, овој човек очигледно игра една силна добро обмислена партија шах со Груевски и очигледно е дека ја добива битката!

0
1097

Некогаш многу можете да дознаете од политичарите од нивниот говор на тело и од изразот на лицето. Дали има мала здрвеност, лаќна здрвена насмевка, поглед во телефонот или во земја или во некоја точка во далечина, потиштеност или лажна озареност и лажна еуфорија.

Денеска бев еден час во близина на лидерот на СДСМ. Не се поздравив, сакав да го посматрам од дистанца. Додека шетаа со Андреј Жерновски и странските амбасадори низ просториите на новата градинка пратени од орда на новинари и фотографи и камермани, забележав дека Заев е неверојатно опуштен релаксиран расположен ведар и исполнет со себе. Ова не го очекував.

Во оваа битка в овој двобој со режимот кој прв ќе трепне, кој прв ќе стисне на чкрапалото од пиштолот после кој истрел Македонија можеби никогаш нема да биде иста и можеби и нема да ја има повеќе, во овие тешки моменти кога се чини кулминира тензијата и политичката неизвеснот, очекував Заев да биде згрчен како згазен лимон, со подочњаци со бледо ненаспано загрижено лице, но ни трага од тоа.

Тој дури на моменти правеше некои детинести работи, клекнуваше на под да го провери подното греење, кажуваше вицеви и досетки, и на моменти од она што го наслушнав од разговорот со странските амбасадори тој на течен англиски 😀 ги убедуваше дека се ќе се заврши добро на политички план, епилогот ќе биде добар.

Постојат две објаснувања за ова. Или Зоки е неверојатно луд човек кој не разбира што се случува со земјава и со него, или пак тој е свесен дека ја добива партијата шах откако одлично стратешки ги постави фигурите на полето. Ми се чини дека тој сега чека ДУИ и странците да го скршат Груевски, откако тој го изнесе на бришан простор со месеци бомбардирање и политички преговори, сега Груевски е во шах мат позиција.

Врз основа на се што видовме досега, веројатноста да е второто од овие двете можности е 99%. Да оставиме еден процент можност за првата опција, ради драматика.

Пишува : Саше Ивановски, новинар, сопственик и основач на Мактел.мк