Дали причината што новинарот на Сител, Александар Спасовски Сарма е најгласен во владината пропаганда против критичарите на режимот е судската пресуда со која е осуден на условна казна затвор поради продажба на марихуана, прашува неделникот „Фокус“.
„Фокус“ во последниот број објави пресуда од 2011 во која Сарма е осуден условно бидејќи на 26.08.2008 година околу 21 часот бил приведен од страна на МВР бидејќи кај него биле пронајдени неколку пакувања марихуана. Сарма бил осуден условно, и не смее да го повтори делото до 2016 година. Но, во самата пресуда пишува дека истиот е познат на полицијата и дека и пред тоа бил сторител на други кривични дела.
ЦентарЊуз