(Аудио + Транскрипт) ЕВЕ ШТО ПРАВЕЛА БАНДАТА КЛЕПТОМАНСКА НА ДПМНЕ во Струмица!!! 11-та „бомба“ на СДСМ : Изборен грабеж во Струмица

0
1120

СДСМ денеска ја објави 11-та „бомба“. Разговори се водени помеѓу Силвана Бонева и Груевски, премиерот и Драган Павловиќ Латас, Мендух Тачи и Сашо Мијалков како и нов разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

1.Разговор на Миле Јанакиески со соговорник

С: Ало?
МЈ: Да.
С: Ѓоко, Ѓоко е на телефон, директорот Горан ми го даде бројот.
МЈ: Да.
С: Од Управа за приходи, треба да се слушнам со Вас, ми рече директорот.
МЈ: Значи, за Циганско маало го барав…
С: Да.
МЈ:…во Струмица. Значи денес ќе влезе пазарна таму. Еден дуќан е полн со брашно до врв, а другите затвориле. Ве молам јаки инспекции таму, секој ден.
С: вака сега, јас сум од Скопје, се знаеме министре.
МЈ: Да де да.
С: Вака сега. Таму има митинг Љубе Бошковски. Да одиме со полиција, ќе излезе инцидент гарант таму.
МЈ: Кога има? Вечер има Љубе, нема денеска?
С: Вечер, вечер има митинг Љубе Бошковски. Ние поминавме, се собираат. Минатиот пат ЕС-ДЕ-ЕС имаше митинг, отидовме, откажавме.
МЈ: Ама луѓе, не ја бива таа работа. Че им дозволиме да делат…
С: Е па да одиме ние
МЈ: Појдете си вие контрола, фискални нема и затворете. Шо!?
С: Да одиме ние. Пазарна таму се или не се таму?
МЈ: Завршија пазарна.
С: Сега да влегуваме ние. Него како се вика дуќанот? Или го чекаме тој пред…
МЈ: Е слушни се со Гоце Чингаровски, е сега не ги знам, видете на лице место.
С: Готово, со Бети ќе се чуеме.
МЈ: Ајде.
С: Одма.

2. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Спиро Ристовски

СР: Ало?
МЈ: Значи, како лоцирам проблеми.
СР: Како?
МЈ: Како лоцирам проблеми.
СР: А бе оди фати таму у Струмица, што си направил со инспекции у Струмица бе?
МЈ: Се е под контрола.
СР: Шо е под контрола? Мартин шо ми се јавуе, зошто се инспекторите на терен? Координирајте се таму. Тие твоите од листа те цинкарат.
МЈ: Со кој да се координирам? Му ебав мајката на тој од Ново село.
СР: Е па тој, на курот ми се качи на мене и на Мартин од сабајле.
МЈ: Што сака? Хххх криминал што има со нив.
СР: Е па сега ако си ги штити он криминалците…
МЈ: Спиро ни ја спуштија…
СР:…не е тоа мој проблем.
МЈ: Спиро, а бе да ти кажам што е контролата. Ни ја спуштија зелката од 10 на 4 денари, и утре сакаат да ни излезат на улица и да ни ја иструраат зелката.
СР: Ама те рабирам бе брат. Ама ти кажувам нека не праќаат поруки, нека не досаѓаат кај Мартин, кај мене.
МЈ: Му се јавив, му кажав. Тоа е идејата и сега ги притиснаа…
СР: Да му ебам мајката, шпиуни.
МЈ: …и утре нема да има штрајк, е тоа е. Знаеш што направија? Зоки оди откупен пункт, се фали 10 денари зелката, не била никогаш 10 денари. Наредниот ден откупните пунктови се затворени, денот после тоа на 4 денари ја спушта зелката. И што да му правам јас, да ги чешлам?
СР: Убаво им правиш, ајде терај.
МЈ: 100-те пензионери реши ми ги. Чао.
СР: Ајде, чао.

3. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Горан Трајковски

МЈ: Ало?
ГТ: Што праите?
МЈ: Добро.
ГТ: Задоволни од ова денеска?
МЈ: Пиштење, вриштење, што да ти кажам.
ГТ: А?
МЈ: Пиштење, вриштење.
ГТ: Ние од 24 колку списокот го дале, 8 казни јаки паднале по 4.800 евра, две затварања, да, кај овие откупувачите за непресметан персоналец при откуп и дуќани. Ама овие ти што ми ги спомињаш 4 дуќана кај Циганите, у тоа Турско маало, тој список никој не им го дава на нашите.
МЈ: Ама не, не. Таму тие се на лице место шо…нема список.
ГТ: Е па што на лице место, ама треба некој да им каже. Ја ги прашувам моите бевте ли во тоа Циганско маало, 4 пиљари што има да ги видите? Не бе вика, никој не не однесе.
МЈ: Ај нека му се јават на Славе на овој, координаторов, нашиов. Да ти дадам број?
ГТ: Имам ја од Славе број.
МЈ: Епа, јави му се, че ти каже.
ГТ: Да, да.
МЈ: Ајде.
ГТ: Друго што сакав да те прашам. Нели ние у неделата кога беше митингот, кај Маријан бевме у контрола, Зоки бараше контрола…
МЈ: Знам, знам.
ГТ: Што се здавиле сега? Бидејќи истата екипа од Скопје ми е таму, да појдат повторно кај него?
МЈ: Ај да зборувам со Зоки, да не направиме беља.
ГТ: Да, оти ја му ѕвонам. Оти сега по втор пат ако му најдеме неправилности, ќе треба пицеријата и да му ја затвориме.
МЈ: Ај да зборам со Зоки.
ГТ: Да, ама стори ми абер, да не ги држам луѓето до сабајле таму.
МЈ: Не, нека појдат на овие, слушни го Славе, и доста му е.
ГТ: Ајде.
МЈ: Ајде.

4. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Славе Гошев

МЈ:Ало.
СГ: Значи ми се јави Горан, од УЈП директорот.
МЈ: Знам, ја му дадов број.
СГ: Е па океј, ама сега кои се тие дуќани? Ги имаш ти или ја да ги најдам. Пошто нели…
МЈ: Ти најди ги бе, тие горе што се. Што кажувавте неќни, пред некој ден.
СГ: Океј, важи, сега ќе ги најдам.

5. Разговор на Миле Јанакиески со соговорник

МЈ: Ѓоко?
С: Здраво министер.
МЈ: Што праиш?
С: Еве баш зборев сега ми се јави на другиот телефон, кога ме бараа, ми се јави овој што е во Бордот на директори во Агрокор, во Хрватска. Денис Спасиевиќ.
МЈ: Аха.
С: Веројатно го познавате, тој е одговорен за овде. Има еден проблем, вчера бевме со вицепремиерот…
МЈ: Знам.
С: И денес имаат едно 10 инспектори таму.
МЈ: А?
С: Десетина инспектори имаат, пазаришни, трудови, даночни.
МЈ: Ако де ако, држава сме контролираме. Речи му пак ти со Заев да работиш. Му ибам мајката у пичка.
С: Овој Хрватот ми вика дека нели, цело време даваме поддршка, јас со Заев никој пат…
МЈ: Многу јака поддршка дава, знаеш каква поддршка дава. Значи прво, Ставревски појде таму, никој немаше. Второ, на камен темелник не не викнаја.
С: Знам, му рече вчера, му рече вчера вицепремиерот, тоа што се случило, како се случило таму, му го спомна тоа. И овој сега Хрватот вика ќе ве дадам во новини, демек така не се работи со фирмите. Пријател ми е, кога доаѓаше тука…
МЈ: Шо че не даде во новини? Зошто му дадовме земјиште по 1 евро? Зошто че не даде? Нема ли контроли у Хрватска тој? Што реагираше…
С: Он сега тоа го користи дека вчера му го кажа тоа Ставревски, нели на него и сега демек, нели за инает е тоа направено, денес да имаат контроли.
МЈ: Вака кажи му низ цела Македонија има контроли, така да, да не се секира.
И кажи му ако соработува со нас, до 5ти јуни ние тоа ќе го почитуваме. А ако не соработува со нас до 5ти јуни, дека ние пак ќе бидеме на власт и ќе го имаме тоа предвид. Така да му кажеш.
С: Да му го дадам Вашиот број на…
МЈ: Не, не, не…не го знам јас тој човек.
С: Раководител на финансии е, таму горе кај Вас е претседателката на Унија на жени.
МЈ: Добро де, океј е.
С: Тања е таму, значи преку Денис, за да има влијание…
МЈ: Луѓе…
С:…тој се струмичани ги набута таму…
МЈ: Види, конторлирана ни е акцијата, така да не се грижи. Ти кажи му несе грижи, ако не поддржуваш на 5ти јуни, ние тоа ќе го почитуваме.

6. Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

СБ: Ќе треба да внимавате за рекетот и за се тоа што ми го кажувате, пресликано се е Струмица. Јас му кажав на Миле, за време на кампањата, он малку го излажа Ставревски за да не му писка. Оти тоа било пред Миле нели да стигне во Струмица, рекетот што се правел во фирмите во Струмица. Меѓутоа, рекетот не беше на почетокот на кампањата, туку негде до средина на кампањата течеше, и тоа ненормален рекет. Нема фирма што не е изрекетирана во Струмица. И многу лошо тоа се одрази на…
НГ: Кој рекетирал?
СБ: …на самата кампања. Славе Гошев.
НГ: Од кого?
СБ: Славе Гошев. Фирма нема што не е изрекетирана во Струмица…
НГ:Чекај, ама рекет, што е рекет?
СБ: И веќе е сосопственик на Вега…
НГ: Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми.
СБ: Со се. Со закани, со закани и со таксување на најневозможни нешта за зимање пари. Со се и сешто. Немаше човек што….
НГ: Немам таква информација од никого јас таму, да ти кажам.
СБ: Е па не Ви кажале. Ама Миле го подбра после Славе Гошев, и излезе така бел како крпа од состанокот, оти отворено го кажаа и од другите комитети слушнале исто, околните. Нели регионална имавме средби, и отворено кажаа оти рекетот е тргнат. И плус и тоа од УМС си беше дозволил, како го викаат, тој јас се што ви викав дека не гласам за него, се потврди на тие избори оти не треба да постои. И тоа беше тргнат од царинарник, да дипли пари од фирма на фирма и викале прво 50.000 и не кажувале што, и луѓето почнале да се жалат. Терале евра прво, па после ако не даде, на третиот пат му викале, а бе ајде за 50.000 денари ли си? И да ми викаат луѓето, а бе што не кажуваат оти 50.000 терат, нека станат, ја им ги 50.000.

7. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Наковски (началник на СВР Струмица)

МЈ: Маријан?
МН: Повели министре.
МЈ: А бе има 300 лични карти за Струмица. Во тек си?
МН: За да се прават или треба да стигнат?
МЈ: Да се прават.
МН: Ууфф…
МЈ: Ај слушни се од кај мене со Игор Јанушев, чекај да ти дадам број.
МН: Ајде.

8. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Наковски (началник на СВР Струмица)

МН: Повели министре.
МЈ: Маријан, ај слушни се со овој дечково Сашо Нинов. Овие од притвор ги пуштиле и сега на нашиве им е страв да држат стража.
МН: Ај ја ќе се слушнам со дечките. Како бе може така да ги пуштат? И обвинител имаме наш, и…
МЈ: Е ајде де. Види што е работа.
МН: Ајде, важи, важи.

9. Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Васил Пишев

ВП: Кажи ми?
ГЈ: Ало, Васе, како е ситуација?
ВП: А бе добро е тука, ама се топи тоа…
ГЈ: Види, му кажав на Славе таму каде што мислите дека е тенко не потпишувајте записници, оставајте простор за приговор.
ВП: Добро, готово…
ГЈ: Оти неаме контрола таму. Остајте простор, па после за уши, циган по циган ќе ги вадиме. Хаха
ВП: Важи, договорено.
ГЈ: Сега мора така, оти затворени се избирачките места.
ВП: Одма.
ГЈ: Ајде.

10. Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Славе Гошев

ГЈ: Важи Мирко, штом имаш нешто јавувај. Ало, ало?
СГ: Министерке?
ГЈ: Кажи бе Славе.
СГ: А бе тесна е разликата, имаме две во ризични мест во џупците, нешто да направиме таму, инцидент, за да се прегласат. Таму има 3.000 гласачи. Значи само 500 разлика губиме, уште три избирачки места чекам. Шо да правиме? Ај кажувај?
ГЈ: Ама тие отворени ли се избирачки места?
СГ: А бе затворени се, таму нашите нешто унатре да направат некој инцидент, да може да го поништиме гласањето таму.
ГЈ: Па нека не потпишуваат записници, нека направат нешто.
СГ: Така ли? Добро, ајде.
ГЈ: Оти ако е затворено избирачкото место не можеш ништо да направиш. Сега на броењето треба.
СГ: Затворено е, нели тоа се е затворено…
ГЈ: Да де да, у 7. Многу е касно Славе.
СГ: Многу е тесно тука, 500 разлика губиме, а уште три избирачки места имаме.
ГЈ: Туу, да му се…
СГ: Тие се таму циганаријата горе, да му ебам мајката…
ГЈ: …да му се сневиди. Глејте нешто не потпишувајте…
СГ: Ај да видам да не потпишат нешто…
ГЈ: …засписници, приговори…
СГ: …важи…
ГЈ: …нешто така да се прегласа…
СГ: Важи.
ГЈ: некое ливче нека снема, хаха, ајде
СГ: Добро.
ГЈ: Ајде.

11. Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Славе Гошев

СГ: Кажи министерке?
ГЈ: Ало, Славе што направивте?
СГ: Е па ништо, или ќе има прегласување на 4-5 избирачки места, значи тоа што го направивме или ќе има втор круг, па сега ќе видиме…
ГЈ: Добро…
СГ: Дефинитивно според записниците…
ГЈ: Значи не е прв поминат. Така?
СГ: Нее како, ги нема никаде низ град, наште слават.
ГЈ: Тие 4-те се киај Ромите?
СГ: Па две се кај Ромите, две се у град дек што можеме да имаме влијание. Дек што ние добро стоиме.
ГЈ: А бе кај Ромите за уши ќе ги носиме, не смее, тоа не смее…
СГ: А бе тоа не е проблем, туку…
ГЈ: Битно не поминал у прв.
СГ: Не, не. Еве ги нема низз град никаде.
ГЈ: Па кажи бе Славе, само кога имате мака се јавуваш да му се сневиди. Хахаха
СГ: А бе шефице….
ГЈ: Браво, браво.
СГ: Слушај, ја не сум Силвана Бонева.
ГЈ: Хахха, немај гајле.
СГ: Хахаха.
ГЈ: Ептен ми е мерак за вас, да ти кажам. Посебно, посебно.
СГ: Знаеш што најмерак ми е што никој не очекуваше и сега гледаш, како се смеам. Хаха
ГЈ: Е па види, голема разлика елиминиравте таму. Битно ми е да има втор круг, втор круг значи…
СГ: Е па сега тоа ќе видам, според, го немам дефинитивниот број на неважечки ливчиња и другите два канидата, ќе видиме дали ќе има втор круг или ќе има прегласување на тие четири, за да има втор круг.
ГЈ: Како и да е, битно он не пројде…
СГ: Како и да е важно он не победи, не слави, ние славиме, е тоа е.
ГЈ: Е тоа, тоа е најбитно, најбитно. Втор круг почнува до нула. Они дебакл доживеаа, ќе видиш втор круг неколку илјади ќе му начукаме разлика.
СГ: Како е низ другите места, јас ништо не знам што се случува?
ГЈ: Добро е Славе, добро е.
СГ: Тука Василево, Босилево прв круг тепаме, секаде нашите општини.
ГЈ: Да, да, да тоа е, што би рекле комуњариве бетон. Едино Кичево го изгубивме,
СГ: Аа, у пичку матер.
ГЈ: Тоа е вака мислам.
СГ: Шиптарите а?
ГЈ: Да.
СГ: А Скопје?
ГЈ: Скопје е добро, све си е океј. Не знам градот како е, дали помина 50 % Коце, оти многу кандидати имаше. Општините се океј, секаде победивме. Карпош нормално не, можно е да не одиме во втор круг, ќе видиме таму сме послаби. Другите победивме.
СГ: Чим е така од вторник…
ГЈ: Па тоа е, Куманово одиме втор круг, Охрид победивме прв круг.
СГ: Од вторник со Зоки во Струмица.
ГЈ: Еееј, ако…
СГ: Е така да знаете.
ГЈ: А бе дај Боже и таму да биде ко што треба…
СГ: Ќе биде, би требало да биде, се надеваме.
ГЈ: Сега се мобилизираме сите, втор круг кај што ќе има, трчаме, правиме што треба. Куманово исто втор круг, и тоа водиме Куманово со 1.000 разлика.
СГ: Супер, браво.
ГЈ: Така да добри сме, супер е резултатот. Практично ЕС-ДЕ-ЕС нема ниту една општина у прв круг.
СГ: Да, да. Е па Стевче, што не е нивни.
ГЈ: Стевче не е нивни, Стевче…и плус и таму има втор круг. Таму е битката за 100тина гласа дали…
СГ: …ќе влеземе ние у втор круг.
ГЈ: …ќе влеземе ние или ќе влезе Андреј у втор круг. Така да, мене ми е битно кај вас…
СГ: Нема кај нас, не победи, и тоа е.
ГЈ: Тоа ми е најбитно.
СГ: Не му дозволивме.
ГЈ: Тоа ми е најбитно, сега почнуваме од нула. Браво. Поздрави ми го Васе.
СГ: Фала, фала, фала. Ајде чао.
ГЈ: Поздрав.

12. Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Никола Груевски

НГ: Утепување.
ДПЛ: Го слушна?
НГ: Да, да. Нее, од ова правиме сега три дена драма ние.
ДПЛ:: Па чекај, четврти пут им е да ја продадат државата.
НГ: Утре кичевчани да ги чуеме што ќе кажат.
ДПЛ: Тоа, па и на Нино му викам, прво кичевчанецот, па после, после на крај ти.
НГ: Задутре експертите, у недела нешто ретроспектива ќе кажат.
ДПЛ: И колку кошта Заев. Колку кошта местото на Заев?
НГ: Знаеш што сега ние правиме? Знаеш што правиме сега? Договараме со ДПА они да не поддржат и да го заебеме и Заев. Леле, каква чивија ќе биде тоа, хахахаха.

13. Разговор помеѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков

СМ: Мендух?
МТ: Кажи?
СМ: Шо праиш?
МТ: Еве тука, седам со луѓе.
СМ: Имам една хитна ургенција за тебе.
МТ: Да.
СМ: Може ли да гласате за нас сега, за Струмица? Да ни се усвои приговорот?
МТ:Укомисија?
СМ: Да, у ДИК.
МТ: Може, еве да се јавам одма.
СМ: Ама сега треба тоа да се…
МТ: Одма, одма, одма.
СМ: пошто ние одложуваме малце. А?
МТ: Одма се јавувам и за минута ти кажувам.
СМ: Ајде.

14. Разговор помеѓу Мендух Тачи и Бедредин Ибраими

МТ: Сега Струмица ви е на ред, така?
БИ: разговораме за тоа.
МТ: Ќе гласаш за овие…да се поништат?
БИ: …. за две минути…
МТ: Да гласаш да се поништат бидејќи се договоривме за Чаир.

15. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески

ГЈ: А бе и мене не ми е, некој гласал, некој не гласал. А Струмица као ќе има прегласување?
МЈ: Тоа дефинитивно е.
ГЈ: Па тоа е супер. Таму треба јако да нагазиме.
МЈ: Треба прегласување и после знаеш што е добро? Сега не знам како е, Срцев го барав, а го прочитав сеа. Прво се прегласува, па после има втор круг? Логично е така?
ГЈ: Да, да. Оти знаеш, таму зависи дали ќе има втор круг од самото прегласување. Зошто може да падне цензусот…
МЈ: А ако остане само Струмица, сите у Струмица тогаш топтан.
ГЈ: Еее, тогаш комплет.
МЈ: Цела Влада у Струмица, претседатели на месни комитети да бидиме.
ГЈ: Да, да.
МЈ: После лесно е да имаш една…
ГЈ: Е многу ми е мерак…
МЈ: Една општина да имаш…оооо, Струмица
ГЈ: Многу ми е мерак да ти кажам.
МЈ: Посебно на мене и на Зоки, ептен.
ГЈ: Мене ми е ептен мерак за Струмица.

16. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

ГЈ: Е па затоа јас тебе ти кажувам, затоа и вчера она што ти го кажав, значи сега од сите страни ќе… Вчера, пошто знам еве Струмица, знам со кој си имам работа, седнав во кола појдов до Струмица, пошто ќе почне пријателкава наша да дига галама. И си направив муабет со моиве луѓе што треба и после си седнав со началникот на чај. И дојде пријателкава.
Коа му се пушти на човеков, Маријане, сите полицајци се од ЕС-ДЕ-ЕС, ова, она. Вика Силвана, не се сите, ја ги правев патролите. Вика овој го вработивме ние, овој ми го фалеше ти, овој ми го фалеше Славе. Вика јас сум ги правел патролите и точно знам кој полицаец ми е у ромско маало, кој е пред штабот на ЕС-ДЕ-ЕС, кој е пред штабот на ВМРО, као не се од ЕС-ДЕ-ЕС. По дифолт, Заев дели пари.
КБ: Да, да.
ГЈ: Е како делел Заев пари? Пошто нели ние да видиме како ги делел нели париве? Заев идел од куќа на куќа и колата на жена му поминала низ ромското маало. Па тоа не е делење пари. Така и Васе Пишев оди од врата на врата.
КБ: Да, да, да.
ГЈ: Не можеш да му забраниш. Замисли кој скандал е полиција да го приведе, него или жена му, или брат му, зошто одат од врата на врата.

17. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров

НТ: Да
ГЈ: Нино…
НТ: Кажи
ГЈ: Абе да се искоординираме со каков тон да одиме за изб ориве пошто реално има повеќе инциденти отколку во првиот круг
НТ: Даа..
ГЈ: Да видиме како да ја фатиме работава…
НТ: Види ја им реков на овие сите да искачаат да викаат мирно е со некои инциденти помали ваму таму…
ГЈ: Ја го одложив пресот у 12 пошо не знам како да ја тераме за у два го презакажавме
НТ: Не не па да подобро е да нема многу од ваша страна а?Океј е од Влада, ние закажавме
ГЈ: Па затоа се координираме, освен ако ние не одлучиме дека ни треба да дигаме малку тензија
НТ: Па не, мислам дека е боље вака, добро е, мирно ова она..
ГЈ: Па има една ситуација у Струмица што не ни одговара таму тој нели со кутијата е комуњар и тоа ќе си го даваме све, меѓутоа има и еден наш, тој е сопруг на директорката на затворот него го препознаваат јак доказ нема, пукал во воздух…
НТ: А тој ли е тој шо пукал да му ебам матер ја…
ГЈ: Е сеа… ќе видиме таму како ќе биде…
НТ: Со пиштол плашливец..
ГЈ: Сеа кузнае со шо било ќе видиме може на крај ќе му пуштиме прекршочна за со гасен пиштол нешо така.. дека не пукал кон избирачко место, пукал во воздух нешо ќе мислиме ама у моментов чисто да имаш у предвид …
НТ: Да ама да му се јавите и да му кажете дека ќе му ја ебеме мајката.

18. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ГЈ: Па има проблеми, Куманово има многу тензии…
ЗС: Претпоставувам не е само Карпош овај не е Ѓорче…
ГЈ: Не не абе Ѓорче вака и ова мислам ја ради тебе вака 100 пати се јавувам…
ЗС: А Струмица шо било тепачка имало нешто?
ГЈ: Една кутија уше сабајле ја скршија после имаше некои пукање нашиве пукаа иначе па сеа ние глумиме дека било со гасен пиштол
ЗС: Добро…

19. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Јово Вангеловски (претседател на Врховен суд на РМ)

МЈ: Ало.
ЈВ: Како си господине министер?
МЈ: Добар, на терен Гевгелија
ЈВ: А убоо.. види вака сеа една малку итна работа, аа знаеш за… моеш да ме следиш? Да не си у гужва?
МЈ: Влегувам во кола повели…
ЈВ: Е добро. Значи за предметот Глобал..
МЈ: Добро..
ЈВ: ..има они нели водат постапка, сега е кај мене тука
МЈ: Добро…
ЈВ: аа ми прави проблем едниот од судиите затоа што на решението коешто е донесено од моја страна го нема твојот потпис…значи во списите на предметот…
МЈ: А чиј потпис има?
ЈВ: Па нема ничиј празно е, ја не знам од кои причини веројатно е таков примерокот, невозможно е да нема затоа што има печат…
МЈ: Може да го пушти некој на смс бројот на судијата..
ЈВ: Е сеа на смс ќе ти го пуштам бројчето и ако е изводливо да изорганизираш да ми пратат…
МЈ: Утре ќе ти го дам на рака ќе ти го дам
ЈВ: Ее така ама не оргинал копија, затоа што се е во копија
МЈ: Важи готово
ЈВ: И ова во копија со твој потпис, ја сеа на смс ќе ти пуштам точни бројки
МЈ: Добро чао
ЈВ: За да може да излезе, утре излегува од кај мене со како што треба…
МЈ: Готово чао.