МАРИЧИЌ : ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ НА ГРАДЕЊЕ НА КОНСЕНЗУС ЗА НАТАМОШНИТЕ РЕФОРМИ, А НЕ НА РЕФЕРЕНДУМ

0
548

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, во заедничкото гостување на „Канал 5“,  со хрватскиот експерт за евроинтеграции, Владимир Дробњак, рече дека сега не е ни потребен референдум и дека не е коректно во таа насока да се туркаат граѓаните.

ашиот став беше јасен, дека наместо да се фокусираме на организирање на референдум, којшто патем речено ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше минатиот пат кога беше за Преспанскиот договор, многу е побитно да се фокусираме на градење на консензус во Собранието за натамошните реформи, и за оние обврски коишто не чекаат од преговорите, бидејќи тие се веќе во тек, изјави Маричиќ,

Според вицепремиерот Маричиќ нема поента сега да се отвораат овие прашања кога веќе ги започнавме преговорите, туку во екот на преговорите треба да се фокусираме на тие прашања коишто ќе ни се наметнат, а се врзани, и за внатрешниот пазар, и за владеење на правото, и за животната средина, и за транспорт и земјоделие и така натаму.  

Експертот Дробњак посочи дека во Хрватска постоеше национален консензус околу потребата за влез во Европската Унија и дека преговорите како проект, никогаш не беа предмет на расправа во нивниот национален Парламент.

Ние, како преговарачки тим, од самиот почеток, па до самиот крај, имавме национален консензус околу тоа. Друга важна работа е дека преговорите ја прават и ја трансформираат државата на подобро. Преговорите се трансформациски процес, кој на крајот резултира со подобро законодавство, подобра државна управа, подобри стручњаци, имате подобра држава. И поради тоа е важно преговорите кои ги започнавте, тоа да бидат преговори во кои преговара целата земја, не е проект на политичките елити, тоа е државен проект, потенцираше поранешниот хрватски преговарач со Унијата, Владимир Дробњак.

Маричиќ истакна дека многу е поважно опозицијата да ги вложи напорите за учество во процесот на преговори, и со свои идеи, со свои луѓе, и преку Националниот совет за европски интеграции во Собранието, отколку каква било друга политичка игра којашто може само да ги закомплицира нашите односи со Европската Унија, а не со Бугарија.

Маричиќ додаде дека опозицијата имаат подадена рака за разговор во Собранието околу приоритетите, за воспоставување или возобновување на консензусот за членство на Северна Македонија во Европската Унија, за да можеме навистина да им се посветиме на реформите.

Дробњак рече дека Хрватска од самиот почеток максимално ја поддржуваше Северна Македонија во нејзините евро-амбиции и понатаму поддршката на Хрватска ќе биде максимална, посочувајќи дека симпатиите кои Северна Македонија ги има во Брисел се огромни и дека тоа мора да го искористиме и да продолжиме со процесот.