Медицинскиот канабис би можел да помогне во борбата против ковид-19

0
955

Податоците собирани во тек на четиригодишните истражувања на канадскиот универзитет Летбриџ (University of Lethbridge -College & University in Lethbridge, Alberta, Canada), ветуваат дека одредени екстракти од канабис може да помогнат во превенција на ковид-19.

Истажувачите Олга и Игор Ковалчук ги испитуваат ефектите на медицинскиот канабис од 2015 година. Покрај ефектот на канабисот при стрес, воспалителни состојби, дебелина и канцер, тие објаснуваат дека ЦБД преку врзување со одредени рецептори (АСЕ2) може да го спречи навлегувањето на вирусот во клетките.

„ACE2 рецепторот е клучен за врзување, навлегување и реплицирање на вирусот во организмот. Со противвоспалителниот ефект на канабисот овој процес може да се успори со што би се намалило ширењето на вирусот во организмот“.

Како што наведваат истражувачите, важно е екстрактот од канабис да содржи висока концентрација на ЦБД (канабидиол, CBD), без или со минимално присуство на ТХЦ (тетрахидроканабинол, THC).

„Следен чекор е спроведување на клинички студии, но сепак, имајќи ги предвид моменталната епидемиолошка состојба и брзината на ширење на вирусот, треба  да ги искористиме сите потенцијални терапевтски можности во борба против коронавирусот”, истакнуваат истражувачите.