МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПЛАНИРА ПЕКОЛНА СРЕДИНА, ПРОДАВА ДВАЈЦА ФУДБАЛЕРИ ЗА ДА ДОЈДЕ ДО ПОТПИСОТ НА МЕЈСОН МАУНТ

0
515

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер јунајтед преку продажба на Дин Хендерсон и Скот Мектоминеј ќе прибира средства за ангажман на Мејсон Маунт од Челси.

Манчестер јунајтед се посочува како прв фаворит за потписот на Мејсон Маунт, Англичанецот преферира преселба на Олд Трафорд.

И покрај тоа што Мејсон Маунт има договор до јуни 2024 година, Челси сака убаво да заработи и постави цена од околу 70 милиони фунти.

Приоритет на Ерик тен Хаг летоска ќе биде нов напаѓач од светска класа и најголемиот дел од трансфер буџетот ќе биде потрошен на ова засилување, па „ѓаволите“ ќе треба да продаваат за да приберат средства.

Атлетик ги посочува Дин Хендерсон и Скот Мектоминеј како играчите кои Манчестер јунајтед ќе ги жртвува со цел да го купи Мејсон Маунт.