СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС ВО БУРГАС, ИМА ПОВРЕДЕНИ

0
452

Tуристички автобус попладнево се преврте на автопатот „Тракија“ во близина на селото Булгарово во регионот на Бургас, јави “БТВ„. Според првичните информации повредени се десетина патници.

Причината за несреќата, според информациите во бугарските медиуми, најверојатно е дека возачот заспал.Автобусот првин удрил во билборд, по што се преврел и паднал покрај патот, пишува „БНР.бг“. Во него имало 17 патници кои се враќале од патување во Виенна. Според првичните податоци, во болница се пренесени дванаесет патници, од кои пет се во потешка состојба.

Сите се свесни.Во меѓувреме во регионалната болница во Бургас дошле роднини на настраданите, кои за несреќата дознале од своите роднини и чекаат да слушнат информации од лекарите во Ургентниот центар.

Тие рекоа дека патувањето до Будимпешта и Виена го организирала компанија од Бургас, а групата заминала на 22-ри овој месец.

Алкотестот направен на возачот бил негативен. Десната лента на автопатот во моментов е затворена за сообраќај.