МИЛОШЕВСКИ НА ,,ИНФОМАКС” : МИЦКОСКИ НА ГОВОРОТ ПРЕД УМС ДВА ПАТИ КАЖА ЧУШКОВ НАМЕСТО ЧУЧКОВ, ЗНАЧИ ТОЈ НЕ ГИ ЗНАЕ ИСТОРИСКИТЕ ЛИКОВИ И ОСНОВАЧИ НА ВМРО

0
575

Водителот на ,,Инфомакс” на својот вечерашен стрим на ЈутЈуб каналот раскажа интересен гаф на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој на говорот пред УМС на два пати во неговото излагање го погрешил името на еден од основачите на ВМРО, Чучков нарекувајќи го Чушков.

Според овој коментар на колегата Милошевски, значи дека Мицкоски не е нити вмровец нити пак бил близок на таа идеолошка матрица и дека е наметнат како лидер на опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, политичар и ‘идеолошки вмровец’ кој не само што не ги знае основачите и историските личности на партијата туку тој не е способен ни државата да ја води.