ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ДПМНЕ НА ДЕЛО : Градоначалникот на Пробиштип пријавен за обид за силување?!

0
3161
Вработена во општина Пробиштип го пријавила градоначалникот Тони Тоневски за обид за силување. Случајот е пријавен на 12-ти овој месец, а ден подоцна, вработената во општината дала исказ во пробиштипската полиција. – објави 24 Вести.
Според општинската службеничка, која од безбедносни причини ќе остане анонимна, градоначалникот ја нападнал во обид сексуално да ја злостави. 24 Вести го контактираше и градоначалникот Тоневски. Тој го демантира случајот, но признава дека имало пријава против него.
„Тоа е грешка, нема такво нешто. Нема таква пријава, повлечена е пријавата“. – вели градоначалникот на Пробиштип за 24 Вести.
Од полициската станица во која е пријавен случајот не упатија да се обратиме во МВР. Оттаму пак велат дека утре ќе имаат повеќе информации за случајот.
„Во врска со настанот во Пробиштип, од севкупните преземени мерки од страна на СВР Штип во консултација со Јавниот обвинител, утре ќе се разгледува предметот, дали има или нема елементи на кривично дело. Исходот за настанот ќе го имаме утре“. – велат од МВР.
Според информациите на 24 вести, општинската службеничка во петокот дала исказ во полициската станица во Пробиштип со кој го обвинува градоначалникот за обид за силување. Тони Тоневски е на чело на општината од 2009 година кога го освои првиот мандат.