Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во Скопје се сретна со делегација на ВМРО-ДПМНЕ во резиденцијата на германскиот амбасадор.
„Дојче веле“ објави фотографии и видео од средбата на која се гледа дека Мицкоски во германската резиденција на средбата пристигнал во друштво на тројца од потпретседателите на партијата: Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Гордана Димитриевска-Кочоска; како и пратеникот Антонио Милошоски кој е претседател на собраниската Комисија за надворешна политика.
Средба на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски со шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во Скопје. pic.twitter.com/puV9iVnQ91
— DW Македонски (@dw_macedonian) March 23, 2023