БУГАРИЈА Е „ДЛАБОКО ВОЗНЕМИРЕНА“ ПОРАДИ БРИШЕЊЕТО НА „ИВАН МИХАЈЛОВ“

0
385
Длабоко сме вознемирени од последните активности на Северна Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница во оваа земја, порачува Костадин Коџабашев, заменик-министер за надворешни работи на Бугарија.

-При затворањето на бугарскиот клуб „Иван Михаjлов“ во Битола, Скопје не изнесе вистински аргументи. Решението е непринципиелно, тенденциозно и еднострано поставување на имињата на здруженијата во искривен историски и идеолошки контекст. Тоа што верувањата на Бугарите во РС Македонија не се компатибилни со тамошната историска доктрина не значи дека тие не се компатибилни со правниот поредок и демократските принципи – рече тој. Коџабашев додаде дека оценките за Иван Михајлов не почиваат на обемниот корпус на историски докази и имаат за цел да го зачуваат монополот на намерно и ревизионистичко толкување на заедничката историја.

-Самиот Иван Михајлов, неговата околина и раководството на ВМРО постојано имаат почитуван и добронамерен однос кон еврејската заедница. Не случајно еден од неговите најблиски соработници, Владимир Куртев, член на последниот состав на ЦК на ВМРО, е прогласен за праведник на светот од државата Израел – рече заменик-министерот Коџабашев.Тој рече дека Централниот регистар на Северна Македонија доставил околу 17.000 невладини организации на разгледување до Министерството за правда, а во законскиот рок негативни решенија за користење на имињата избрани од нивните основачи добиле само здруженијата „Иван Михајов“ и „Цар Борис Трети“.