Во колумната “Ноќ” објавена во весникот Вечер главниот медиумски куртон на режимот проф.д-р Драган Павловиќ – Латас меѓу другото објавува дека Ивона и тој имале проблеми со Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.
– За потреби на Заев пушта наоколу гавази да ни се закануваат, и најавуваат што не чека. Штом Ивона Талевска, седната сама меѓу петнаесет соросоиди, се осмели да му објасни на еврокомесарот Хан што СЈО навистина прави во Македонија, СЈО и пушти истражители. Јас ги имам на врат веќе девет месеци.