КОВАЧЕВСКИ ЗА 360 СТЕПЕНИ : НА ИЗБОРИТЕ ВО 2024 ЌЕ ПОБЕДИ СДСМ СО КОАЛИЦИЈАТА, ЈАС ПОВТОРНО ЌЕ БИДАМ ПРЕМИЕР

0
479

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во интервјуто за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, говореше и за претстојните избори претседателски и парламетарни и истакна дека во државата ќе има редовни избори, после 17 години.

-На претседателските избори на 24 април победник ќе биде претседателскиот кандидат предложен од СДСМ и коалицијата која што се залага за европска интеграција на Северна Македонија. На парламентарните избори на 8 мај на вториот круг на претседателски избори победник ќе бидат и претседателот предложен од СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ и јас повторно ќе бидам мандатар. И тоа ќе бидат и претседател на Република Северна Македонија и Влада со кои што Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Јас ви кажувам дека во следниот мандат ќе биде влезот во ЕУ, до 2028та година, додаде тој.

Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски подвелече дека верува во остварување на зацртаните цели и работи тие да се остварат.
-Минатата година постојано ме прашуваа дали ќе добиеме преговарачка рамка и сите беа скептици дека ќе добиеме. Јас велев дека верувам во остварување на целта и направив таа цел да се оствари. И ние добивме преговарачка рамка. Направивме успешен скрининг процес кој што завршува, дополнително идната недела е Европскиот совет. Заклучоците на Европскиот совет ќе бидат дека Северна Македонија направи успешен скрининг и останува да ги направи уставните измени кои се обврска во преговарачката рамка и да продолжиме со отварањето на поглавјето., рече Ковачевски.