Дечки, не е само СДСМ крив, ај да бидеме реални, досегашните 10 години режим беа овозможени и од нашата новинарска фела која не може вол у гз да убоде!

0
1659

Знам дека ова нема да им се допадне на многу мои колеги, ама они и онака ме мразат органски, па што го ебам, нека се љутат, што викаа дечките од хумористичната серија Куманија, погледни ву на истину у очи, туј е спас!

Значи овие 10 години режим, не беа последица само на некадарноста на СДСМ и на диктаторските мајмунарии на ДПМНЕ, вина има и нашата новинарска фела, онаа опозициската, критичната.

Ми се чини дека, за жал, Грујо ги купи оние најрасипаните но богами и најспособните и највредните.

У нашите редови останаа умни и чесни, но ебени мрзи и некадарни копуци, кои појма немаат како да направат политичка бура, потрес, влијание, тоа нив дури и не ги интересира, они си работат за свој ќеф, за својата новинарска кауза, па дали тоа некој ќе го прочита, колку тоа ќе има влијание, каков ефект ќе има, кур им чуе, они важно си се чисти пред себе дека не се продале, не повредиле некое од правилата од новинарскиот кодекс, уште ќе ги канат на семинари во Маврово или во Скопските хотели за да го дрват за новинарството во 21-век и надаље…

Додека они тоа си го тераат, Грујо си млати со полна пареа, народ како што го дал господ, си се лепи на пропагандата, карванот си врви, кучињата лапаат муви…

Да не беа бомбиве на Заев, Грујо имаше да не владее уште 10 години, МИНИМУН!

Еве сега ги имаме и бомбите на подарок како новинари, и пак сме како распашана банда, Боби го гледам вчера се напењавил да ја малтретира Катица за некој внук што вработила за 150 евра месечно да волонтира, ама кога му беше Илија или Антонио на гости, нив ги тинтраше, затоа што му беше страв пак да не не му дојдат во емсија.

Оливера го касапеше Заев, Геро неќел да објави за фотките за куќата на Мијалков, не бил сто посто сигурен дали е неговата куќа, Кабранов му објавил цела колумна на Латас на Либертас, така било ферски и според новинарските стандарди…

Сите заедно го објавија кретенскиот говор на Иванов, кој после се што направи, овие наши медиуми сеуште го третираат како претседател на државата?!?!

Грујо дечки 10 години се вози на оваа несмасност и тотална изгубеност на нашата опозициска критичка новинарска фела која од дрвата не ја гледа шумата.

Никако да разберат дека сосема е во ред во самоодбрана да користиш мотка и лопата кога некој сака да те сотре. Сеуште се фини и сеуште боледуваат од шизофрената дебилна теза – ААА, НИЕ НЕ СМЕ КАКО НИВ, ПА НЕЛИ ПРОТИВ ТОА СЕ БОРИМЕ?!

Не бе суртуци, се бориме против забегана власт, кога ќе дојде СДСМ на власт тогаш ќе го сакатиме и масакрираме СДСМ затоа што се боревме за правда и за средена држава, но сега робувајќи им на вашите принципи слепо, му помагате на Грујо и понатаму да остане на власт и да не тепа и гази и уништува.

Како немавте два грама мозок во тоа лејките досега да го разберете, што имбецили ќе бевте мајку му?!

Ми се чини дека во Македонија со новинарство се бават најглупите луѓе за најниско IQ.

п.с Еееј да беа бомбите за опозицијата и за нас како новинари опозициски и да беа во рацете на куртоните и да можеа да ги објавуваат слободно, лелелеее маме ќе ни ебеа, па имаше бре тоа да биде фешта, махери се за тие работи, знаат како да направат јаки емисии, знаат како да го спакуваат и протнат кај народот, знаат како со прост речник да го излажат народот да го убедат во се што ќе посакаат.

Но нашите опозициски новинари патат од новинарска величина, они сакаат на висок стил, со минимум 4-5 пати у минута спомињање на зборови како РАКУРС, СИЖЕ, ПОЛИТИЧКИ РАКОПИС, ЕФЕМЕРНО, ЕСЕНЦИЈА, НОТИРА, ЏДП, СПЕКТАР, ЏИНИ ИНДЕКС, ПРОПОРЦИОНАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ, и слични термини кои на сите вас кои сте со високо образование ви се чинат мачкина кашлица, но гледајте едно интервју на Грујо кај Јанко или Миленко и ќе видите како мафта со рацете како прави гримаси на фацата и комуницира со емоции и со прост гол јазик, дури мислам дека и намерно носи дречави маички за да го прифати рајата, затоа што народот носи такви грозни маици затоа што е без пари и нема појма за мода и мрази луѓе во костуми и вратоврски…

Саше Ивановски