СДСМ очекува во наредните два дена да ги собере потребните потписи за добивање мандат за формирање влада, велат од оваа партија за ТВ 24.
Според телевизијата, во моментов главна точка околку која спорат ДУИ и СДСМ дали потписите значат и автоматско правење влада.
Од СДСМ велат дека потписите се важни за мандатот, а преговорите за влада ќе продолжат по добивањето на мандатот, а од ДУИ сметаат дека потписите треба да дојдат паралелно со договорот за нова влада.