Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, се пожали дека во времето кога тие беа на власт, на некоја манифестација во Гостивар, сите говори и натписи биле на албански јазик.
– Коректноста треба да биде обострана. Ова е обид за раскинување на мировен договор и редефинирање на истиот. Тоа ќе биде многу опасно, рече Димовски.
Пратеничката на ДУИ, Емини Мирсаде, истакна дека Димовски лаже.
– Димовски говори за манифестација, на која истовремено се зборуваше албански, македонски и турски јазик. Не е коректно да се лаже, рече Мирсаде.
Извор : А1он