Во програмата на СДСМ граѓаните препознаа една чесна понуда и свесни се дека веќе ништо не зависи од Груевски, од Мијалков и од фамилијата, инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ.
Се распаѓа нивната контрола на системот, стравот со кој владееја сега се вгнезди меѓу нив, вели во интервју за „Слободен печат“ Стево Пендаровски, носител на пратеничката листа во ИЕ 1 на Коалицијата на СДСМ, универзитетски професор, како и кандидат за претседател на државата на последните избори.
Пендаровски верува дека на изборите на 11 декември ќе биде гарантирана тајноста на гласањето и тоа ќе се одрази на расположението на гласачите.
СДСМ ќе ја формира идната влада која преку добра програма ќе го подигне животниот стандард на сите граѓани. Пендаровски вели и дека десет години граѓаните на Скопје и околината ги трпеа личните хирови на Груевски и фамилијата.
Интервјуто може да го прочитате ОВДЕ