ПАНДЕВ И ДРУГАРИТЕ ДОНИРАА 30 000 ЕВРА ЗА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

0
2111

Македонската фудбалска репрезентација заедно со стручниот штаб донираа 30.000 евра за Фондот за здравство во битката со коронавирусот во знак на благодарност до сите, посебно здравствените работници, дозна СПОРТМЕДИА.

Оваа иницијатива е од пред неколку дена, фудбалерите чекаат да добијат жиро сметка на која ќе можат да ги уплатат собраните финасиски средства. Капитенот Горан Пандев ќе издвои 10.000 евра, додека останата сума доаѓа од сите оние кои се дел од најдобриот национален тим.

За потврда на информацијата се обративме кај главниот, Пандев.

„Искрено не сакавме публицитет. Нашето здравје и здравјето на сите останати е на прво место“, беа првите зборови на капитенот. „Оваа иницијатива е од пред неколку дена, за кратко време успеавме да ја собереме оваа сума на пари и да помогнеме во овие тешки денови. Секој од нас дополнително, финансиски ќе помогне во своите градови, општини, како и места каде што играат. Уште еднаш ќе напоменам, нашата цел не беше да привлечеме внимание. Се надевам овој наш пример ќе допре до оние кои можат многу повеќе да си дозволат“, изјави за СПОРТМЕДИА, Горан Пандев.