Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, оцени дека потегот на Србија на чело со српскиот претседател Александар Вучиќ да го повлече целокупниот персонал од амбасадата во Скопје е дипломатски дилентантизам и шарлатанство.
„Што и да се случило во Скопје, повлекувањето на целокупниот персонал на амбасадата е дипломатски дилетантизам и шарлатанство, својствено за банана-држави“, напиша на Твитер Јеремиќ, кој е актуелен претседател на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој.