Вице Заев : Мајката ми секој ден плаче кога гледа утрински емисии во кои го колнат и плукаат брат ми Зоки

0
5575

– Не се плашам од никого, знам дека на социјалните мрежи се пишува буквално се, дури има и закани, по животот на Зоран, но мислам дека никој не би дошол да ме нападне мене или брат ми поради политичка неиспомисленост. Мојата сопруга, ниту децата не се движат со обезбедување или со личен возач. Сепак, нашата мајка секое утро плаче кога ги гледа утринските емисии и слуша се што зборуваат за Зоки. За да не читам што пишуваат за мене и брат ми на социјалните мрежи, јас не користам социјални мрежи, вели Вице и се чуди како толку внимание предизвикува приватниот живот на неговата ќерка Ева, бидејќи како што вели, таа е многу скромна и нема комуникација со ниту еден новинар.

Вице Заев во интервју за Слободен Печат.