НСДП: Здружената опозиција да настапи со заедничка програма на следните избори

0
915

Централниот одбор на НСДП оценува дека здружената опозиција на наредните избори треба да настапи со заедничка програма пред граѓаните на Република Македонија.

НСДП смета дека треба да започне процес на програмско усогласување и утрвдување на приоритетит на изборната програма на здружeнaта опозиција за веднаш потоа да уследи и процес на договарање и координација за коалициски настап и дејствување во рамките на предизборната кампања за парламентарните избори, кои треба да се одржат на 24 април наредната година.