Eкипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје започнаа викенд-акција за генерално чистење на булеварите Партизански одреди и Илинденска во скопската
општина Карпош, како и булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Кочо Рацин, во
општините Центар и Аеродром.
Во рамките на акцијата, се реализира машинско и
рачно метење, како и корнење на зеленилото со тример. Воедно, ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден спроведе рачно миење на
плоштадот Филип Втори, како и на целокупниот простор под Камениот мост.
Реализирани се и активности за чистење и рачно метење на мостот Беласица.