Бугарија ќе испрати помош за Република Северна Македонија за справување со пожарите. Ќе се користи механизмот за взаемна помош и за гаснење на пожарите во Кочани и Делчево, бугарската Влада планира да испрати 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и 2 амбулантни возила.
“Во телефонски разговор со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, премиерот Стефан Јанев вчера кажа дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на пожарите” – изјавија од прес-службата на бугарската Влада.