Народен Глас ќе поднесе тужба за Саше Ивановски – Политико за навреда и уцена

0
1560

Главниот и одговорен уредник на порталот ,,Мактел.Мк” Саше Ивановски – Политико во своја колумна напиша грст навреди и клевети кон уредникот на порталот ,,Народен Глас” и тоа секако не е првпат, иако тоа порано го правеше за уредникот на порталот Доказ.Мк.

Ова не е негов прв испад на негов медиум и ова не е негова прва навреда за која ќе реагираме соодветно на неговата уцена со правна постапка поради неговите навреди и уцени.

Што се однесува до “украдените” објави на ,,Мактел.Мк” од страна на ,,Народен Глас” се огромен дел од соопштенија на опозицијата, пренесени вести и веќе објавени видеа и фотографии каде уредникот на ,,Мактел.Мк” дрско навредува и уценува за наводни кражби иако нашиот медиум не украл авторски текст па да го потпише како сопствен. Па од тука сметаме дека овај текст на уредникот на ,,Мактел.Мк” е една навреда и клевета и ќе реагираме веднаш со тужба со цел овај притисок за работа во ,,Мактел.Мк” да престане еднаш за секогаш.

Screenshot_6

Иако ние како медиум секогаш кога порталот на Саше Ивановски бил привремено недостапен сме пренесувале негови објави и ставови со негова молба и сме помогнале околу искажување на неговиот став дури и емисијата негова ,,Политико” која одеше на неговиот сајт ја пренесувавме на ,,Народен Глас” но тој сепак го заборава тоа и таа подадена рака од уредникот Рубин Иваноски и се дрзна да навредува и да клевети што е рамно на невидено лудило и хистерија во потрага по виновници.

П.С. Политико пишал дека порталот ,,Мактел.Мк” има соработка со ,,Либертас” , а што беше тоа со споделувањето на видеата од емисијата ,,Политико” на ,,Народен Глас” па дури и линкови од емисијата во живо по негово барање и предлог?! Тоа нели е взаемна соработка?! Или да се проба ако се може да го уцени уредникот на ,,Народен Глас” за работа во ,,Мактел.Мк” ако не јебига тогаш тужба а?! И барањето на Саше Ивановски да се угаси ,,Народен Глас” е чист нон сенс, отепај го своето дете а потоа гледај го туѓото?!