(ВИДЕО) Костадинов: Обвинетиот Груевски повторно излажа

0
1527

Прес конференција
Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица

Почитувани,

Пред седум месеци, на 3 април, обвинетиот Никола Груевски, од овде сечеше лента и вети дека за два месеца ќе отпочнат со работа неколку државни институции во овој објект.

Седум месеци по сечењето на црвената лента, оваа зграда остана празна.

Дел од државните институции кои требаше да се сместат тука, се уште плаќаат кирии за просторот којшто го користат.

Овој пропаднат проект е уште еден доказ за расипничката и криминална политика на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да реализира ниту еден проект во Струмица затоа што 10 години мислеа само на тоа како да се збогатат.

10 годишното владеење на Никола Груевски и неговите соработници завршува.

На 11 декември доаѓаат промените. Ние имаме план за живот во Македонија, којшто ќе обезбеди подобар живот и сигурна иднина за сите, затоа што секој е важен.