И ОФИЦИЈАЛНО ДЕНЕС ЗАПОЧНА КОШМАРОТ НА ГРУЕВЦИ И ТОА ОД СУДНИЦАТА : Почнаа заштитните сведоци да сведочат против нив, има да скапат по затворите!!!

0
4051

Маја Камнаровска-Столевска, секретарка од тајната полициска база „Брест“ за која денеска се дозна дека е локацијата каде се уништувала сета документација и опрема од предметот на СЈО под кодното име „Тврдина 2“, пред судскиот совет на скопска единица на големо чудење на нејзините колешки и нивните адвокати, го смени исказот кој претходно го дала како сведок во СЈО.

Таа е обвинета во овој случај. Откако пред судскиот совет на прашањето на нејзиниот адвокат одговори различно, менувајќи го исказот од тој што своевремено како сведок го дала во СЈО, бурно реагираше нејзината колешка Александра М., исто така обвинета во овој случај со зборовите „Не е така, лаже“, викна таа целата сцрвенета во образите. Нејзе мораше да стане и да ја смирува нејзиниот адвокат Љупчо Шврговски велејќи и „ти ќути си“.

Маја Камнаровска-Столевска е првата од шесте жени од УБК кои во својство на обвинети за случајот „Тврдина 2“ денеска дадоа исказ пред скопска единица за овој случај. Пред СЈО, Камнаровска-Столевска изјавила дека во црните ќеси кои од УБК биле донесени во нивната база „Брест“ за уништување имало патни налози, барања за боледување, разни службени хартии и во 2015 година му била секретарка на Ванчо Н., тогашен началник на базата.

– Бев известена дека ќе дојде Комисија од Скопје која ќе носи материјали за уништување. Тие беа во црни ќеси. Не знам што имаше внатре. Откако мина постапката, колешката Дијана ми рече да се потпишам на задната страна од записникот како лице кое присуствувало на уништувањето со тврдење дека тоа така било пракса и за другите секретарки. Јас се потпишав оти видов дека и другите две колешки секретарки истото го сториле – рече Камнаровска-Столевска.

Повеќе за оваа сторија ќе прочитате на порталот Плусинфо ОВДЕ