Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Прес24 беше запрашан за функционирањето на МВР во техничка Влада.„Техничката влада има примарен мандат и обврска да обезбеди одржување на фер и демократски избори каква што и доликуваат на демократска земја, членка на НАТО, земка која го помина и скринингот за почеток на преговорите и чека да го започне својот европски пат. Секако тука се подразбира и редовното функционирање на институцијата која е задолжена примарно да ја обезбеди безбедноста и сигурноста на сите граѓани и целото општество и МВР од 2017 наваму па и во техничката влада го испорачува тоа.
МВР помина низ трансформативен период за институцијата преку професионализација, декриминализација и деполитизација и многу е вложено и многу пати објаснувано што се е направено за МВР да стане „МВР за граѓаните“ институција со доверба од над 65% од граѓаните, во топ три по транспарентност и рејтинг”, потенцираше Бојмацалиев, додавајќи дека одлуките во МВР се носат врз основа на законските обврски.