БОЈМАЦАЛИЕВ : МВР Е ВО ТОП 3 ИНСТИТУЦИИ ПО ДОВЕРБА И ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОД ДНОТО ВО 2017 СТИГНАВМЕ ДО ВРВОТ

0
175

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Прес24 беше запрашан за функционирањето на МВР во техничка Влада.„Техничката влада има примарен мандат и обврска да обезбеди одржување на фер и демократски избори каква што и доликуваат на демократска земја, членка на НАТО, земка која го помина и скринингот за почеток на преговорите и чека да го започне својот европски пат. Секако тука се подразбира и редовното функционирање на институцијата која е задолжена примарно да ја обезбеди безбедноста и сигурноста на сите граѓани и целото општество и МВР од 2017 наваму па и во техничката влада го испорачува тоа.

МВР помина низ трансформативен период за институцијата преку професионализација, декриминализација и деполитизација и многу е вложено и многу пати објаснувано што се е направено за МВР да стане „МВР за граѓаните“ институција со доверба од над 65% од граѓаните, во топ три по транспарентност и рејтинг”, потенцираше Бојмацалиев, додавајќи дека одлуките во МВР се носат врз основа на законските обврски.

„Како функционери сме тука на сите потреби на граѓаните бидејќи тие се оние кои не плаќаат и очекуваат да ги вршиме услугите и задачите кои се пропишани со делокругот на нашите обврски. МВР функционира реформирано и насочено кон потребите на граѓаните. Ќе биде гарант на одржување на фер и демократски избори. Одлуките во МВР и овој период на техничка влада се носат во рамките на законските обврски и во полза на граѓаните и веуваме ќе продолжи до завршување на мандатот на техничката влада”, истакна Бојмацалиев.