Шефот на кабинет на Иванов, Борис Јосифовски му правел друштво на Митко Чавков во седиштето на ВМРО ДПМНЕ од каде се командувала акцијата за ликвидација на пратениците на СДСМ, АА и ДУИ вечерта на 27-ми април.
Паралелно со овие средби, за кои не се знае кој ги координирал и раководел во партискиот штаб за време на престојот на Груевски во Виена, истата вечер и околу 15-тина воени лица со разни чинови се присутни во Министерството за одбрана – генерали, полковници, потполковници и лица со пониски чинови.
Бригадниот генерал Мирче Ѓорговски, кој беше и аѓутант на Иванов како командант на вооружените сили (и на таа функција остана до 4.12.2017 година), таа вечер телефонски контактирал со шефот на државата и ја посетил претседателската вила.
Ова е уште еден доказ дека навистина се спремало воена состојба, само се чекало сигнал од дуото Чавков- Јосифовски по што Иванов требало да излезе на прес доцна во ноќта и да прогласи воена состојба.
Повеќе за ова на Призма.