БОМБА НА ПОРТАЛОТ ПРИЗМА – НАВИСТИНА СЕ СПРЕМАЛО ВОЕНА СОСТОЈБА: 15 генерали на АРМ заседавале во ГШ на АРМ вечерта на 27-ми април, а заедно со Чавков во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, вечерта на 27-ми април бил и шефот на кабинет на Иванов, Борис Јосифовски

0
2308

Шефот на кабинет на Иванов, Борис Јосифовски му правел друштво на Митко Чавков во седиштето на ВМРО ДПМНЕ од каде се командувала акцијата за ликвидација на пратениците на СДСМ, АА и ДУИ вечерта на 27-ми април.

Паралелно со овие средби, за кои не се знае кој ги координирал и раководел во партискиот штаб за време на престојот на Груевски во Виена, истата вечер и околу 15-тина воени лица со разни чинови се присутни во Министерството за одбрана – генерали, полковници, потполковници и лица со пониски чинови.

 

Бригадниот генерал Мирче Ѓорговски, кој беше и аѓутант на Иванов како командант на вооружените сили (и на таа функција остана до 4.12.2017 година), таа вечер телефонски контактирал со шефот на државата и ја посетил претседателската вила.

Ова е уште еден доказ дека навистина се спремало воена состојба, само се чекало сигнал од дуото Чавков- Јосифовски по што Иванов требало да излезе на прес доцна во ноќта и да прогласи воена состојба.

Повеќе за ова на Призма.