Бојан Јовановски, сопственикот на 1ТВ и БМЈ Медиагруп се вклучува во хуманитарната акција за лекување на малата Софија.
-Сакам да соопштам дека нашата компанија ќе се откаже од месечните комерцијални надоместоци од споменатиот клиент во висина од 28.000 евра, потребен износ за операцијата на малата Софија, напиша Јовановски на социјалните мрежи.
Како што пишува сопственикот на 1ТВ, средствата ќе бидат наменети за операција и нашата компанија целосно ќе се погрижи за реализација на истата.
loading…
Тој порача дека мајката на Софија уште од утре може да го контактира менаџментот на 1ТВ за сите потребни и финални детали.