Спире: Размислуваме да го продолжиме распустот до изборите во април

0
1088

Заменик-министерот за образование Спире Ристевски рече дека во Владата има размислување и расположение да се прифатат барањата на учениците и на родителите распустот да биде продолжен до април в година, практично до изборите. Како причина се наведуваат временските околности.

spire

– Сега е многу топло. Од септември се очекува да почне да врне интензивно, па учениците може да си ги натопат нозете и да настинат. Потоа ќе фатат снегови, па следи змискиот распуст, па сезоната на грипови и алергии. Зошто учениците да го трпат сетот тоа, кога и така се се сведува на екстерното. Нека се спремаат за екстерно и нека седат дома – рече Ристевски.

Тој најави и нова мерка со ваучери. Имено, кога веќе им го продолжуваат распустот, зошто да не им подарат и ваучер за летовање во септември.

– Цените тогаш се најповолни. Единствена пречка е што септември е многу далеку од изборите, па се плашиме да не избледат спомените – објаснува заменик-министерот.

Извор: Коза Ностра