Економијата во провалија: Надворешниот долг надминува 6,2 милијарди евра!

0
855

На крајот од третото тримесечје од 2015 година, надворешниот бруто-долг изнесува 6.231.500.000 евра или 69,6 проценти од БДП, односно забележан е квартален пад од 1,3 процентни поени од домашниот бруто-производ, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај.

– Порастот на јавниот долг во најголем дел се должи на порастот на задолжувањето кај јавните претпријатија, пред сè за поддршка на патната инфраструктура. Во однос на долгот на приватниот сектор, намалување е забележано кај сите три потсектори. Показателите за надворешната задолженост на домашната економија и понатаму главно покажуваат дека надворешниот бруто-долг се наоѓа во „безбедната зона“. Единствен показател според кој економијата се класифицира во групата високо задолжени земји претставува учеството на надворешниот бруто-долг во домашниот бруто-производ – соопштуваат од Народна банка.