Навистина ќе дозволиме кецарошчето да не дупи во здрав мозок?

0
1222

mirjana-najchevska

Фејсбук статус на професорката Мирјана Најчевска – реакција на вчерашната изјава на Груевски и одолговлекувањето на преговорите:

Навистина ќе дозволиме кецарошчето да не д… во здрав мозок? Навистина?

Па кои крелци сме бре ние сите.

И сега вака 500 години и кубурата ќе ја чуваме зор заман?

Или убаво ни е?

Па секогаш сме биле како народец на крајот на опашката. Сме чекале да видиме што ќе направат тие поголемите, па ние да се придружиме. И да каскаме и џавгаме на крајот од карванот.
500 години ВМРО-ДПМНЕ. И кецарошот Миленко. И кецарошот Мијалков. И кецарошот кој јаде бурек. И сите неспособни и некомпетентни кои се туткаат во администрацијата, судството, полицијата, образованието, здравството и заседнуваат во секоја пора на општетсвото.
500 години. А може и повеќе.

Грешка беше воопшто започнувањето на преговори (тоа ни го потпикнаа другарчињата од Европа).

А чекањето криминалното кецарошче да изволи на средба е само наша грешка.

Или веднаш ќе ја поправиме или ни се смешкаат 500 години трулење.