БУГАРИЈА ВО ЦРНА КАМПАЊА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА? ГЛАВНО ОРУЖЈЕ НА БУГАРИТЕ ИМ Е ПРЕТЕПАНИОТ ПАНДИКОВ!

0
437

Потпретседателот на БСП и потпретседател на бугарското Собрание Кристијан Вигенин бара за инцидентот од четвртокот во Охрид да бидат информирани Советот на Европа и ОБСЕ. Шефот на дипломатијата Николај Милков вчера во обраќање на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел говорел за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Потпретседателот на бугарското Собрание Кристијан Вигенин денеска ги повика властите и партиите во земјава да се воздржат од изјави кои не водат кон решавање на проблемите меѓу Северна Македонија и Бугарија. – Ги повикуваме властите во Северна Македонија, како и водечките политичари и партии, да се воздржат од изјави и постапки кои не водат кон решавање на проблемите, туку до неприфатлива ескалација, која долгорочно може да го влоши дијалогот меѓу двете земји – изјави Вигенин, кој е потпретседател на Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Тој најави дека неговата партија ќе инсистира за инцидентот од четвртокот во Охрид да бидат информирани Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). – Настаните од последните денови во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија ја потврдуваат исправноста на ставот на БСП да не поддржи укинувањето на ветото за преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија – изјави Вигенин на брифинг со новинарите, по одолжувањето на точката од дневниот ред на денешната седница на бугарското Собрание по која требаше да се расправа за односите на Софија со земјава, но расправата беше одложена поради отсуство на шефот на бугарската дипломатија Николај Милков. Милков вчера во обраќање на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Брисел, говорел за најновиот развој на настаните во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.