Став на Извршниот одбор на СДСМ: Граѓаните избраа промени и нова одговорна Влада!

0
968

Сите партии коишто имаат освоено пратеници во Парламентот, освен криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не смеат да дозволат формирање Влада во којашто би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела, кои ги уништиле животот и перспективите на граѓаните и на Република Македонија, смета Извршниот одбор на СДСМ .

Во соопштението дадено по состанокот одржан вечерва се посочува дека Извршниот одбор на СДСМ уште еднаш оцени дека е постигнат огромен успех на парламентарните избори на 11 декември, на коишто мнозинството граѓани на Македонија избраа промени на власта.

Констатирано е дека ќе остане запаметено во политичката практика, дека во Македонија е срушен режим без насилство, со пенкало и со глас.

Ставот на Извршниот одбор на СДСМ е дека Македонија мора да добие Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе почне со решавање на нивните реални проблеми.

„Граѓаните сакаат квалитетен живот, во едно општество на еднакви граѓани, правда и независно судство, државни институции што работат во служба на граѓаните.Сето ова е содржано во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе и мора да биде основа на реформските приоритети на новата Влада на граѓаните на Македонија“, стои во соопштението.