ЗНМ: УТРЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ

0
831

“Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација ќе се спроведе во понеделник, 12 април во период од 08:20 до 10:30 часот во А1 Арена (Сала Борис Трајковски) во Скопје. Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест” – соопшти Здружението на новинарите на Македонија.

Според ЗНМ, сите 631 новинари и медиумски работници имаат добиено информација за точниот термин за вакцинацијата на нивните електронски адреси (имејл) кои беа доставени од редакциите до ЗНМ и ССНМ при пријавувањето.

“Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро. Истото важи и за сите оние кои се пријавија после истекот на рокот за пријавување во оваа фаза од вакцинацијата” – велат од ЗНМ.