УТРЕ СРЕДБА НА ЗАЕВ СО СЕЛА И ГАШИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО

0
1101

Во понеделник премиерот Зоран Заев ќе го открие својот предлог за Законот за државјанство до албанските опозициски лидери Зијадин Села и Африм Гаши. Како што изјави пред неколку дена, премиерот преку ретроспективна правна практика ќе бара деблокирање на Собранието од албанската опозиција. Заев ќе се повика на законот од 2004 година кога над 2500 Албанци добија државјанство преку две одредби за олеснување.

Некои од критериумите се: наследство на државјанство од родители родени во Северна Македонија, преку брачно наследство, врз основа на дозвола за престој, преку привилегирачки одредби итн. Но албанската опозиција ќе се фокусира и на прашањето за верификација од страна на безбедносните служби. Села и Гаши ќе побараат безбедносната верификација да се намали на индивидуално ниво а не на пошироко семејно и пријателско ниво. Според нив, ова ќе им помогне на лицата кои не се директно вклучени во извештаите на безбедносните служби и кои немаат државјанство, да ја отстранат пречката што ги остави без статус на државјани на Северна Македонија.