ВУЧИЌ НАЈАВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ВАКЦИНИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА

0
1053

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека е во секојдневен контакт со Северна Македонија и Црна Гора и дека Србија бара начини како дополнително да им помогне за вакцинирањето на населението.

“За мене е важно луѓето да бидат задоволни, да бидат делумно заштитени сега кога ја примија првата доза, а кога ќе ја добијат втората, тие ќе бидат уште подобри и дека така ќе бидат заштититени од тешки последици и смрт или барем во 99 отсто од случаите. Тоа е она што можеме да сториме за луѓето.” – изјави Вучиќ, одговарајќи колку е горд на пишувањата на медиумите во регионот што вакцинирањето на луѓе од земјите од Западен Балкан е организирано во Србија.

На Вучиќ не му е јасно како некои не разбираат дека српските граѓани не можат да бидат спасени со вакцинацијата ако и луѓето во регионот не се.