ДЕМАНТ ОД ДЗС: ОНЛАЈН НЕ МОЖАТ ДА СЕ САМОПОПИШАТ ЛИЦА БЕЗ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

0
1116

“Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство. Тоа се дезинформации” – објавија од ДЗС на официјалниот ФБ профил.

“Прв услов е лицата што се попишале е да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстувањето на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број. ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен” – појаснуваат на ФБ профилот од ДЗС.

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на Северна Македонија кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес од 1 март до денес, информираат од Државниот завод за статистика.