ВМРО-ДПМНЕ СО БАРАЊЕ ПАУЗИ ГО КОЧИ ИЗБОРОТ НА УСТАВНИ СУДИИ, КОСТАДИНОВ: ПО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА БИОГРАФИИТЕ НА КАНДИДАТИТЕ, ТРЕБА ДА ГЛАСАМЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ ОД НИВ

0
804

“Поради недоволно познавање на процедурите од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на судии на Уставен суд, беше побарана пауза од еден час на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата” – изјави претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Костадин Костадинов.

“Не може да ги имаме биографиите на уставните судии кога самите кандидати произлегуваат од замениците или од членовите на Комисијата за избори и именувања.Процедурата е следна: на самата комисија, колегите и замениците-членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата даваат предлози за уставни судии. Поднесуваат биографии за нив, даваме пауза, сите пратеници ги имаат на увид биографиите и продолжуваме на одлучување за уставните судии. По одлучувањето, предлогот на одлуката оди на конечно одлучување на пленарна седница” – објасни Костадинов.