ВЛАДАТА ИМА СЛУХ ЗА БАРАЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА ПРИ КРОЕЊЕТО НА БУЏЕТОТ, ЈОВАН МИТРЕСКИ: ПРИФАТЕНИ СЕ ОПОЗИЦИСКИ АМАНДМАНИ ЗА НАМЕНА НА НАД 350 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

0
901

“Специфика на Предлог-буџетот за 2022 година е што има најмалку амандмани поднесени од опозицијата, која претходно поднесувала од 900 до 1000 амандмани, при што се прифатени амандмани за одделување на средствата во висина од 350 милиони денари, што е најголема сума во последните 15 години” – рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во “Утрински брифинг”.

Тоа е доказ за демократскиот капацитет на актуелната власт, а за споредба кога СДСМ беше во опозиција не беа прифаќани амандмани а бевме сведоци и на крвав понеделник.
“Од утре ќе почнеме да го разгледуваме буџетот и до наредниот четврток, се надевам дека тој ќе биде изгласан” – смета Митрески.

Митрески не очекува нова блокада за законските решенија од страна на пратениците од опозицијата по договорот од состаноците на координаторите на пратеничките групи.

“Доколку Законот за работни односи не беше блокиран, недела веќе ќе беше неработен ден” – истакна Митрески.