СДСМ : НИЕДНА ПОРАЧАНА АНКЕТА КАКО ТАА НА ,,ИПИС” НЕ ГО ПОКРИВА ФАКТОТ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА МИЦКОСКИ 2 ГОДИНИ НЕМААТ ИСПОРАЧАНО РЕЗУЛТАТИ

0
502

Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека градоначалниците на ДПМНЕ на чело со Мицкоски за 2 години немаат испорачани никакви резултати и тие се еднакви со нула, рече Методија Илиевски од СДСМ.

-Неуспешното работење пробуваат да го прикриат со нарачани анкети. Но граѓаните не веруваат во тие анкети, граѓаните добро знаат дека нема реализација на ниту еден прокет во општините каде ДПМНЕ има свои градоначалници, вели тој.

Според анкетата на Институтот за политички истражувања (ИПИС), најмногу или 23,3 отсто од испитаниците рекле дека не би гласале за ниедна партија, 12,5 отсто не сакале да се изјаснат, а 12,4 отсто рекле дека не знаат или немале одговор. Од определените, 20,3 отсто одговориле дека би заокружиле за ВМРО-ДПМНЕ, 11,3 отсто би гласале за СДСМ, 3,5 отсто се изјасниле за Левица, а 2,9 отсто за граѓанското движење на Максим Димитриевски.

Кај партиите на Албанците, ДУИ е со рејтинг од 5,6 отсто, следува Беса со 2,3 отсто поддршка, па Алијанса за Албанците со 2 отсто, Алтернатива со 1,8 отсто и Демократско движење (Изет Меџити) за кое се изјасниле 1 отсто од испитаниците.