На автопатот “Пријателство” од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко возило Опел Зафира, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П. (51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило БМВ Туран со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.