УТРЕ ПРИСТИГНУВААТ 100 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ФАЈЗЕР, ВО НЕДЕЛА УШТЕ 500 ИЛЈАДИ СИНОВАК, ФИЛИПЧЕ: ЗА ДВАЕСЕТИНА ДЕНА ЌЕ ГИ ВАКЦИНИРАМЕ ДОСЕГА ПРИЈАВЕНИТЕ ГРАЃАНИ

0
625

“Во текот на утрешниот ден се очекува испорака на 100 000 вакцини Фајзер преку механизмот Ковакс, а в недела стигнуваат 500 000 вакцини Синовак. Кинеските вакцини стигнуваат со два авиона во 14 и во 16 часот, по 250 илјади дози во секој.

Направен е план за складирање на две места, во Поликлиниката Јане Сандански и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби. Непосредно по добивање на дозволата за пуштање на сериите во промет, верувам дека тоа ќе биде в понеделник или во вторник, ќе се дистрибуираат ширум државата.

Во однос на планот за вакцинација, очекувам дека околу 180 000 граѓани кои се пријавени а се’ уште невакцинирани, да бидат вакцинирани во следните дваесет дена. Исто така следува приоритетна вакцинација на наставниците како сите ученици би можеле од септември да се вратат на настава со физичко присуство во училиште.
Апелирам уште еднаш граѓаните кои се немаат пријавено за вакцинација да го направат тоа на vakcinacija.mk”
-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ