НИКОЛОВ : МЕЏИТИ ДА ОДГОВОРИ КОЛКУ „ОНКОЛОГИИ” ИМА ВО КОМПЛЕКСОТ КЛИНИКИ МАЈКА ТЕРЕЗА

0
393

Министерот за здравство, Фатмир Меџити очигледно не го интересира работењето на јавните здравствени установи, рече Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека тие се распаѓаат во секоја смисла, за него поважни се турнеите низ светот, како што му е важно да си игра министер за надворешни работи. Празните флоскули во неговите соопштенија за таквите патувања низ светот јасно покажуваат дека Меџити не го интересира функционирањето на здравствениот систем. Уште помалку е заинтерсиран за бенефитот на здравствените работници и функционирањето на здравствениот систем.

Доколку Меџити заврши со патувањата низ светот за почеток го охрабруваме да ја информира јавноста за работата на неколку клиники со оглед на тоа дека до нас како Комисија за здравство пристигнуваат информации од вработени за низа нерегуларности.

Меџити во духот на транспарентноста со која што им се полни устите, а во пракса гледаме нула отчетност треба да даде одговор или јавно да ги објавени извештаите од надзорите за почеток од работата на следните институции: Институтот за трансфузиона медицина, Универзитетските клиники трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар познато како ТОАРИЛУЦ, Клиниката за кардиологија, Клиниката за хематологија и Клиниката за ревматологија.