Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ГРАЃАНИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА НЕ СМЕАТ ДА ТРПАТ ПОЛИТИЧКИ ЗАСТОИ, ЗАЕВ: ЌЕ ИМА РЕДОВНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО 2024 ГОДИНА

“Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни избори и по две децении ред е да одиме на редовните во 2024 година со цел да се даде шанса економијата да живее, да функционира општеството и граѓаните да си го планираат својот живот и својата работа” – истакна премиерот Зоран Заев во интервју за весникот Коха.

Заев посочува дека извесен период Парламентот беше блокиран поради пратеници болни од Ковид-19, но тоа веќе нема да може да се злоупотребува како аргумент бидејќи е во тек ревакцинацијата на пратениците.

“Нереално е во отсуство на квалитетни концепти и стратегии од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, таа да формира поголемо парламентарно мнозинство од актуелното, особено што досега преку користењето на деловничкото право да се поднесуваат илјадници амандмани, само ја кочеа работата на Парламентот особено во комисиите каде што претседател е од опозицијата, а тоа не се решава со нови парламентарни избори наесен” – рече Заев.

“Сега ни претстојат локални избори, многу важни избори за градоначалници и советите во општините. Исклучително значајни за животот на граѓаните, бидејќи секојдневното функционирање во огромен процент е врзан со општините. Под надлежност на општините се школите, градинките, библиотеките, пожарните, комуналните претпријатија и нивното квалитетно функционирање е многу важно за секојдневието на граѓаните” – посочи Заев за Коха.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ